top of page

online training

jeytjej.jpg

Редовна месечна членарина 
за ОНЛАЈН ТРЕНИНЗИ

1500 денари - со два тренинзи неделно
1800 денари - со четири тренинзи неделно


АКТУЕЛНА СУПЕР ПОНУДА

ПАКЕТ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ

3600 денари - со ДВА тренинзи неделно
(600 денари месечно)

5640 денари - со ЧЕТИРИ тренинзи неделно
(940 денари месечно)

ГОДИШЕН ПАКЕТ (12 МЕСЕЦИ)

4800 денари - со ДВА тренинзи неделно
(400 денари месечно)

8880 денари - со ЧЕТИРИ тренинзи неделно

(
740 денари месечно)

Инструктори
проф. Лазар Иванов
проф. Дејан Ѓалески


*Актуелнава понуда за шест и 12 месеци важи ограничен временски период!

 

МИКС АЕРОБИК ОНЛАЈН ТРЕНИНЗИ

Со професор Лазар Иванов
повеќекратен шампион во фитнес



Микс од најдобрите вежби од Аеробик, Пилатес, Кик Аеробик, Каланетика и многу други атрактивни модели
на тренинзи! ВЕЖБАЈТЕ КОГА САКАТЕ, КАДЕ САКАТЕ!

Не сте ограничени со термин, ниту со локација! Добивате линкови за два тренинзи неделно и можете да ги
извежбате во термин што вам ви одговара! Линковите се активни минимум седум дена!

Уплаќате една членарина, а можете да извежбате сами или со членовите од вашето 
семејство,
заедно или секој во термин што нему му одговара!


 

ОНЛАЈН ТРЕНИНЗИ

Во клубот ЕКСТРИМ ФИТ во кој се практикуваат различни модели на тренинзи, меѓу кои и
најатрактивниот - МИКС АЕРОБИК ЕКСТРИМ, основан од проф. Лазар Иванов кој има долгогодишно искуство
и бројни успеси во спортот и спортската рекреација, досега над 20000 вежбачи, како во сала,
така и онлајн, имаа прилика да ја искусат оваа супер ефикасна ФИТ ПРОГРАМА.

Онлајн тренинзите дадоа резултати над сите очекувања, а ги практикуваат вежбачи од 
Македонија
и од повеќе земји од светот. 
 

ВЕЖБАЊЕТО НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОДОСТАПНО

Може да се приклучите од било кој дел на светот. Вежбате во комоцијата на вашиот дом, сами или со членовите
на вашето семејство и под водство на тренер. Вежбите се прилагодени за во домашни услови и на мал простор, но бидејќи секој од вас има смартфон, можете да ги практикувате и на отворено, каде и да сте.  Дел од предностите: ги избегнувате градските гужви и не трошeте време за одење и враќање од тренинг, немате трошок за гориво, паркинг, а ви даваме можност со уплаќање на една членарина да вежба целото семејство! Линковите ги поставуваме на почетокот на неделата, а можете да ги извежбате веднаш или да си ги организирате во ден и термин по ваша желба, односно да си извежбате утрински, на пладне или како вечерен тренинг. Во ова време на силни предизвици вежбајте редовно, хранете се здраво и зајакнете го вашиот организам и вашиот имунитет. Бидете позитивни, сведете го стресот на минимум, а добрата форма и добрата линија на телото ќе бидат само дополнителен бенефит.
ЗДРАВЈЕТО НА ПРВО МЕСТО!
363341792_6376152805796466_2274695461118524998_n_edited.jpg
Освен онлајн тренинзите имаме тренинзи и во сала во Центар. Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и во супер модерниот Палестра Фитнес Центар во East Gate Mall
За инфо кликни на линкот...
4_edited.jpg
bottom of page